Судот одбива уште еден предлог на СЈО за случајот „Тврдина“ | Правдико

Правдико

   

Судот одбива уште еден предлог на СЈО за случајот „Тврдина“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска, Основниот суд Скопје-1 излезе со соопштение во кое е изнесена одлуката на судот со која го одбива барањето на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерки на претпазливост на лицето Г.Ј.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

osnoven-sud-skopje-1

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопјепостапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) , за определување мерки за претпазливост против Г.Ј. опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, која претходно беше сослушана во врска со предлогот, донесе решение со кое предлогот на обвинителството го одби како неоснован.

Што се однесува до другите лица опфатени со овој предмет за кои се предложени мерки за претпазливост, а кои претходно не беа сослушани, бидејќи СЈО побара иземање на судијата во врска со предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничената Г.Ј., по што судијата ја прекина постапката и не продолжи со распитот на останатите осомничени, за нив испратени се покани дополнително да се јават кај судијата на претходна постапка за да се произнесат за предложените мерки.

Во прилог анонимизирано решение од одлуката на судија на претходна постапка.

http://osskopje1.mk/Odluki.aspx?odluka=3836

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико