Судот одложува, демонстрантите остануваат во притвор | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Судот одложува, демонстрантите остануваат во притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

176BE666-0FFA-4F8C-924D-2A550CCCC732_w987_r1_sСудењето против уапсените демонстранти е одложено додека не се утврди штетата врз Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Тие остануваат во домашен притвор.

Судскиот процес против демонстрантите-членови на новоформираната партија Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, денеска повторно беше одложен за девет дена. Тие се обвинети за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело за демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, како дел од протестите против аболицијата на политичари.

Овој пат судската постапка беше одложена затоа што судот ги чека резултатите од вештачењето за причинетата штета што ја побара Државното правобранителство. Обвинителството, исто како и во предметот за приведените демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, побара оштета од, како што рече судијката, околу 880 илјади денари или 15 илјади евра, што, според судот, е неприфатливо да се бара неконкретна сума. Дополнително, обвинителството сумата ја извела од допис што го добиле од кабинетот на претседателот.

„За мене е многу чудно како тоа повеќе посебни предмети, а секаде се јавува една штета 880 илјади денари. Замислете сега во 10 различни предмети коишто сите, јас се надевам нема да дојде до тоа, но ќе имаат различни рокови на извршност и правосилност, каде ќе имаат штета што треба да ја платата од 880 илјади денари. Ние ја спориме целокупната штета и дејствието, висината на штетата не е во наша надлежност“, вели адвокатот на одбраната Сашо Дуковски.

Судот по втор пат го одби барањето на обвинителството да се спојат предметите за приведените демонстранти.

Во поднесената кривична пријава, е наведено дека Савески влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски, кој бил внатре во канцеларијата, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Одбраната побара од судот да и дозволи и увид во снимените материјали кои обвинителството ги наведува како доказен материјал.

Во куќен притвор остануваат приведените Здравко Савески, Владимир Куновски, Никола Аризанов, Филип Наковски и Борјан Ефтимов.

Одбраната на Аризанов и Наковски изјави дека тие се подготвени да ја признаат вината, но само откако обвинителството ќе ја прецизира штета за нив. Тој побара од судот да се произнесе за солидарна поделба на штетата. Процесот за нив е закажан за в четврток.

Целосниот текст можете да го прочитате на Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико