Судот одлучи: Заев ќе треба да му плати 50.000 евра на Груевски | Правдико

Правдико

   

Судот одлучи: Заев ќе треба да му плати 50.000 евра на Груевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да плати 50 илјади евра за повреда на личните права, угледот и честа на премиерот Никола Груевски, одлучи денеска Основниот суд Скопје 2. Судскиот совет со кој претседаваше судијката Весна Калковска во целост го прифати тужбеното барање на премиерот Никола Груевски.

44089A03609B0F4EA495EF1CA1723C12

Во краткото образложение судот прифатил дека Заев со одржаните прес-конференции на кои говорел за криминална продажба на Македонска банка го наклеветил премиерот, односно го нарушил неговиот углед и чест со тврдењата дека примил поткуп.  

Одлуката беше донесена откако во 12 часот беа дадени завршните зборови за процесот кој траеше неколку рочишта. Премиерот Никола Груевски го тужеше лидерот на СДСМ Зоран Заев за клевета и навреда за случајот со продажбата на Македонска банка. Заев пред неколку месеци обвини дека премиерот Груевски лично ја продал Македонска банка, на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини. Наводно, според тврдењата на СДСМ, при продажбата, премиерот добил 1,5 милиони евра во кеш.

За ваквото обвинување премиерот поднесе тужба против Заев, со која првично побаруваше оштета во висина од 500.000 евра. На вчерашното рочиште на кое сведочеа и Груевски и Заев, адвокатот на премиерот соопшти дека го намалуваат оштетното побарување на 50.000 евра.

Сведокот Нини, кој беше предложен од лидерот на СДСМ Зоран Заев, сведочеше во корист на премиерот Никола Груевски. Судот како доказ ја отфрли снимката на која наводно се договара продажбата на Македонска банка, а не беше прифатено ниту барањето да сведочи Ден Дончев. Лидерот на СДСМ вчера пред судот посочи дека документите за случајот ги добил токму од Дончев.

Адвокатите на Заев веднаш по објавувањето на пресудата најавија жалба.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико