Судот отфрли приговори на обвинетите во „Трезор“ | Правдико

Правдико

   

Судот отфрли приговори на обвинетите во „Трезор“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за оценка на обвинителниот акт во Кривичниот суд во предметот на Специјалното јавно обвинителство познат како „Трезор“ ги одби приговорите на тројца од обвинетите. Обвинението за „Трезор“ сè уште е на оценка и нема одлука дали кривичниот суд го прифаќа или не.

„Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителниот акт на СЈО во предметот означен како ‘Трезор’, постапувајќи по приговори на тројца од обвинетите поднесени против обвинителниот акт, а изјавени преку нивните бранители, донесе решение со кое приговорите ги отфрли како недозволени“, соопшти кривичниот суд.

Од таму, исто така, соопштија дека како неоснована е отфрлена и жалбата на еден од обвинетите во предметот „Триста“.

„Претседателот на судечкиот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во предметот означен како ‘Триста’, постапувајќи по поднесена жалба на одбраната на обвинетиот против решението со кое е одобрен обвинителниот акт, донесе решение дека жалбата се отфрла како неоснована со образложение дека во делот на правната поука е наведено дека против ова решение не е дозволено право на жалба“, велат од кривичниот суд.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико