Правдико

   

Судот по вторпат одлучи да не му го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судија на претходна постапка и Кривичниот совет при Кривичниот суд по вторпат го одбија барањето за замрзнување на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, дознава Макфакс.

Образложението е дека немало доказ дема имотот на партијата е стекнат со кривично дело, а наводно СЈО не доставило доказ дека е извршена донација од БЕТОН.

При првото одбивање на барањето за замрзнување на имотот, судот нашол дека немаат транскрипт од прислушуваните разговори. Од СЈО за случајот „Талир“ поднесоа ново барање до Судот за определување привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело, при што предвид ги зеле укажувањата на Судот во одлуките со кои првично беа одбиени барања за обезбедување на имот на СЈО.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е прво осомничен во новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство под кодното име „Талир“,  кој се однесува на незаконско  финансирање на партијата, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластвување.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико