Судот потврди дека Бил Козби е виновен за сексуално вознемирување | Правдико

Правдико

   

Судот потврди дека Бил Козби е виновен за сексуално вознемирување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот комичар Бил Козби е осуден како виновен за три сексуални напади, кои поединечно тежат потенцијално по 10 години затвор.

Актерот беше обвинет дека ја дрогирал и сексуално ја вознемирувал поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година.

Козби кој има 80 години, ќе остане на слобода додека не му биде изречена казната, одлучил судијата.

Ова е вторпат актерот да се појави на суд за ова обвинение, откако во јуни минатата година, поротата не успеа да најде докази.

На почетокот на рочиштето во Пенсилванија, беше откриено дека Козби и платил на Констанд речиси 3,4 милиони долари со граѓански договор за разбирање во 2006.

Козби е најмногу познат по учеството во телевизиската серија „The Cosby Show“ која се емитуваше во 80тите.

Околу 60 жени во последните пет децении јавно го обвиниле актерот за сексуално вознемирување.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико