Судот пресече – Левица може самостојно да оди на избори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот суд Скопје 2 го одбил барањето за забрана за спроведување на одлуката на Левица за самостоен настап на изборите како неосновано, соопшти партијата Левица на својата фејсбук страница.
Според партијата, ова е уште еден правен пораз за оние што сакаа да оневозможат учество на Левица на предвремените парламентарни избори.
„Основниот суд Скопје 2, со РЕШЕНИЕ бр. II Bпп-2 -164/16, го одби барањето на инфилтраторите за забрана за спроведување на легитимната одлука на Левица за самостоен настап на изборите, како неосновано! Согласно приложеното, јасно се гледа дека одлуката е статутарна и легална, уште повеќе донесена во демократска постапка, изгласана од мнозинството членови на Централниот комитет“, соопштуваат од партијата.
Од партијата посочуваат дека поголем дел од членството биле за самостоен настап на овие избори.
„Левица со својата креативна кампања ќе успее да стане парламентарна партија и да се бори за интересите на најзагрозените категории во нашето општество“, велат од Левица.
Извор: Макфакс