Правдико

   

Судот пресуди: Противуставно е Трамп да блокира неистомисленици на Твитер

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тој може и да претседател, но сепак не може да да прави едно нешто: Да блокира на Твитер следачи со чие мислење не се согласува.

Вака вчера пресуди Апелацискиот суд, според кој противуставна е постапката на Доналд Трамп за ограничување на пристапот на корисниците до неговиот профил на Твитер (со блокирање). Според пресудата, со прекинување на пристапот на оние со кои тој не се согласува, Трамп “прави противуставна дискриминација”.

Судиите од Апелацискиот суд заклучија дека “Првиот амандман (од Уставот) не му дозволува на државниот службеник кој користи профил на социјалните мрежи за официјални цели да ги исклучи лицата од отворениот онлајн дијалог, бидејќи тие имаат ставови со кои функционерот не се согласува”.

Министерството за правда во март објасни дека претседателот не ја „користел моќта” на федералната влада кога блокирал одредени поединци од неговиот личен профил на Твитер, @realDonaldTrump, бидејќи, како што аргументираа, ако претседателот објавува твитови во рамки на неговите официјални ставови, тој ги блокира корисниците како лична работа.

Но, жалбениот суд не се согласува со тоа.

-Однесувањето на нашата влада и нејзините службеници е предмет на широко отворена, стабилна дебата. Оваа дебата опфаќа извонредно широк спектар на идеи и ставови и создава ниво на страст и интензитет, што се ретко видени. Оваа дебата, која честопати може да биде многу непријатна, сепак е добра работа. Одлучувајќи по оваа жалба, ги потсетуваме странките и јавноста дека ако Првиот амандман значи нешто, тоа значи дека најдобриот одговор на спротивставено мислење за прашања од јавен интерес е да му се даде простор, а не да му се ускрати, наведуваат судиите.

Вчерашната одлука ја потврдува одлуката што минатата година ја донесе еден федерален судија во Њујорк, кој пресуди дека Трамп го прекршил Уставот кога ги блокирал корисниците на Твитер.

Трамп повеќе од една деценија е на Твитер, почнувајќи од март 2009 година. Неговото прируство на оваа социјална мрежа е без преседан, со тоа што платформата ја користи за објавување ексклузивни вести, да објави промена на плановите, да ги посочи политичките непријатели.

Минатиот месец, Твитер објави дека ќе започне обележување на твитови од светските лидери кои ги кршат нејзините правила, вклучително и дехуманизација, деградација и величање на насилството. Иако Трамп не беше посочен по име, американските медиуми сугерираат дека е прилично лесно да се види за кого се работи.

Извор: Нова ТВ

Партнери на Правдико