Судот шести ден не соопштува дали ќе го замрзне имотот на помошник-министерот на МВР | Правдико

Правдико

   

Судот шести ден не соопштува дали ќе го замрзне имотот на помошник-министерот на МВР

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд речиси шест дена по барањето на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување имот за осомничениот помошник-министер на МВР во предметот за набавка на полициски возила, познат како „Триста“, сè уште нема донесено одлука.

Од Судот за Макфакс велат дека сè уште нема одлука како се произнеле судиите за ова барање. СЈО објави дека оштетено лице пријавило имотно-правно побарување, па затоа бараат  да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. До Кривичен  е поднесен предлог за определување привремена мерка за обезбедување на имотно-правно барање, и тоа: забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот. Во предлогот до Судот наведено е точно за кој и каков имот станува збор.

И од Специјалното јавно обвинителство за Макфакс потврдуваат дека сè уште немаат добиено одлука на судот по барањето за замрзнување на имот.

Предметот „Триста“ се однесува на злоупотреба на службената положба од помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, кој извршил јавна набавка за 300 возила и го оштетил Буџетот за повеќе од 450 илјади евра. „Доколку биле склучени договори со прворангираните економски оператори и се испочитувала основата на Законот за јавни набавки, а не да се врши распоред по непостојни критериуми, Буџетот на државата ќе бил побогат за повеќе од 450 илјади евра“, рече специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико