Судот сослуша тројца сведоци во постапката против екс-претседателот на Кривичен, Панечвски | Правдико

Правдико

   

Судот сослуша тројца сведоци во постапката против екс-претседателот на Кривичен, Панечвски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште во Граѓанскиот суд за мобинг против екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, беа сослушани тројца сведоци. Oд нив, еден сведок е повикан на страната на одбраната, а другите двајца кои се вработени во судот се на страната на тужителите. Еден од адвокатите на тужителот Горан Стаменковски, Звонко Давидовиќ, за Макфакс изјави дека сведоците ги дале своите сведочења за односите на обвинетиот во судот.

Поранешниот претседател на Кривичен не се појави на неколкуте претходни рочишта. Според адвокатите на Панчевски, пак, тужбата е беспредметна и нема никакви правни основи за мобинг.

Горан Стаменковски, вработен во Одделението за човечки ресурси во Кривичниот суд, поднесе тужба за мобинг против Панчевски. Според тужбата, претседателот на Судот подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции и го казнувал. Тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на судот, се наведува во тужбата.

Следното рочиште е закажано за јули.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико