Судот во БиХ осуди 14 лица на 267 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот на Босна и Херцеговина осуди 14 лица на 267 години затвор поради убиство на околу илјада жители на Сребреница во местото Кравица (општина Братунац). За истото злодело во Србија се уапсени уште осум лица.
Судот на БиХ ги осуди екс-припадниците на Центарот за обука „Јахорина“ и еденицата „Шековици“ на Специјалната полициска бригада на Република Србија. Нависокота казна, 32 години затвор, му е изречена на Душко Јевич, кој за време на погубувањата на Сребреничани бил командант на „Јахорина“ при Специјалната полициска бригада на РС.
Покрај Јевич, за геноцид се осудени уште девет припадници на оваа формација. Останатите четворица се осудени како учесници во убиствата кои се квалификувани како злочин против човештвото.
Убиствата се извршиле на 13-ти и 14-ти јули 1995 година.
Три припадници на Специјалната полициска бригада на РС ја признаа вината, и се осудени на вкупно 16 години затвор.
Извор: 24 Sata