Правдико

   

Судот во Египет пресуди – Мубарак не е виновен

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Египетскиот суд денеска ги повлече обвиненијата против поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак во повтореното судење, при што тој беше обвинет за убиство на демонстранти за време на немирите во 2011.

Former Egyptian President Hosni Mubarak waves to his supporters from his stretcher as he returns to Maadi military hospital in Cairo

Судот пресуди и дека Мубарак не е виновен по обвиненијата за корупција при набавувањето природен гас од Израел.

Мубарак беше обвинет дека со седуммина поранешни командири е вмешан во убиството на стотина демонстранти за време на протестите во 2011 година кои доведоа до крајот на неговото тридецениско владеење.

Жалбениот совет првобитната доживотна казна ја поништи во 2012 година поради технички причини. Новата пресуда требаше да биде изречена на 27 септември, но главниот судија Махмуд Камел ал Рашиди ја одложи, затоа што не завршил со пишувањето на образложението.

По ослободителната пресуда, неименуван судски функционер наведе дека Мубарак сепак нема да може да излезе од затвор бидејќи се наоѓа на отслужување тригодишна затворска казна, во одвоен случај на корупција.

И поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли и шестмината негови помошници се ослободени од судот, кои беа обвинети за убиство на демонстранти во 2011 година.

Мубарак, од воената болница во судот беше пренесен со хеликоптер, а полицијата го зајакна своето присуство, така што во Каиро се распоредени 5.000 полицајци.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико