Судот во Хаг: Холандското бомбардирање во Авганистан беше нелегално | Правдико

Правдико

   

Судот во Хаг: Холандското бомбардирање во Авганистан беше нелегално

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Холандскиот суд во Хаг пресуди дека холандското гранатирање на станбен комплекс во авганистанската провинција Урузган, во јуни 2007 година, било нелегално.

Холандското Министерство за одбрана побара од обвинителството пред две години да го истражи гранатирањето во кое загинаа неколку десетици цивили, потсетува „Ројтерс“.

„Холандија е одговорна за гранатирањето на тие куќи. Се знаело дека се населени со цивили. Холандската држава се осврна на фактот дека талибанците ги користеле куќите за воени цели и затоа бомбардирањето не било нелегално“, образложи судот во Хаг.

Судот посочува дека холандската држава, сепак, не појаснила доволно врз каква основа дошла до заклучок дека тие куќи ги користеле талибанците, па оттука бомбардирањето се смета за противзаконско.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико