Судот во Корзика ја потврди забраната за носење буркини | Правдико

Правдико

   

Судот во Корзика ја потврди забраната за носење буркини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 burquini burkiСудот во Корзика ја потврди забраната за носење „буркини“ на плажите на овој француски остров, иако Административниот суд во Франција, минатиот месец пресуди дека забраната претставува „насилство врз основните слободи“.

Корзиканскиот суд го отфрли барањето на француската Лига за човекови права за укинување на забраната, со образложение дека „буркините предизвикуваат силни емотивни потреси“ на островот.

Судот заклучил дека забраната е легална, затоа што се потпира врз одредбите за почитување на јавниот ред во Франција.

Буркините се облека за плажа која ја носат некои муслимански жени. Го покриваат целото тело на жената, освен лицето и стапалата. Буркините предизвика бранување во француската и во европската јавност, откако 30 градоначалници од приморските места во јужна Франција  ги забранија ваквите костими за капење на јавните плажи во тој дел од земјата.

Административниот суд побара укинување на забраната, но објасни и дека таа може да остане во сила ако носењето „буркини“ предизвика вознемиреност во јавноста и претставува ризик од создавање метежи. Градоначалниците на Корзика уште тогаш соопштија дека тие нема да ја почитуваат одлуката за укинување на забраната.

Минатиот месец, на плажата во малото место Сиско, на Корзика, дошло до тепачка меѓу семејствата на тројца северноафрикански муслимани и млади Корзиканци, во која пет лица биле повредени.

Забраната за „буркини“ прв на островот ја донесе градоначалникот на Сиско.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико