Судот во САД повторно покренува тужба против Apple | Правдико

Правдико

   

Судот во САД повторно покренува тужба против Apple

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

iTunes App Store е во сопственост и под контола на компанијата Apple, во која програмерите, музичарите и филмските студија ги пренасочуваат своите креации кои можат да се купат и преземат од страна на корисниците на производите на Apple.

Се чини дека корисниците не се премногу воодушевени од монополска апликација iOS на Apple. Толку многу што е поднесена тужба против Apple во која се тврди дека тие се обиделе да се направат монопол на пазарот на iPhone во периодот меѓу 2007 и 2013 година.

Потрошувачите тврдат дека Apple го направил системот така што апликациите за iOS уреди мора да бидат продадени преку iTunes App Store, не давајќи им на програмерите и корисниците опција за купување на апликации преку сајтови или од платформи од друга страна. Оваа практика ги крши антимонополските закони.

Исто така се наведува дека тоа влијае на цената на апликациите, особено поради тоа што Apple бараше 30 отсто од секој свој продаден производ, па така некои програмери треба да наплаќаат повеќе за да ја надоместат разликата. Ако сето ова звучи познато, тогаш ќе се сетите дека тужбата е поднесена порано, кога судот во Калифорнија го отфрли случајот. Сепак, жалба на првостепената пресуда беше успешна и Apple сега ќе мора да се соочат со овие обвиненија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико