Судот во Црна Гора го потврди обвинението против „заговорниците“ | Правдико

Правдико

   

Судот во Црна Гора го потврди обвинението против „заговорниците“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Црна Гора го потврди обвинението за 14 луѓе, меѓу кои и за двајца Руси, како и за двајца про-руски опозициски лидери, за нивната улога во, како што го нарекуваат властите, заговорот за соборување на владата минатата година.

Судот во Подгорица денеска го потврди обвинението за „подготовка заговор против уставниот поредок и безбедноста на Црна Гора“ и за „обид за терористички чин“.

Судската постапка треба да започне за два месеци, соопшти судот.

Меѓу обвинетите се и пратениците на опозицискиот Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, понатаму обвинети се и девет српски државјани, двајца руски државјани и еден државјанин на Црна Гора.

Властите во Црна Гора ја обвинија Русија дека е инволвирана во наводниот заговор за државен удар минатата година за да го спречи влезот на државата во НАТО, но Москва ги отфрли обвинувањата. И црногорскиот Специјалниот обвинител соопшти дека „руски државни органи“ се вклучени во заговорот за државен удар.

Обвинителството соопшти дека двајцата руски државјани биле во Србија и дека од тамошните власти им било дозволено да се вратат во Русија, со што тие остануваат на слобода.

Црна Гора на 5 јуни стана 29 членка на НАТО.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико