Судот ги врати обвинителниот предлог од СЈО за осомничените од УБК | Правдико

Правдико

   

Судот ги врати обвинителниот предлог од СЈО за осомничените од УБК

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudСудот го врати обвинителниот предлог против лицата Г.Г и други лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ затоа што во доказите не постоел акт за декласификација.

„Со цел задржување на навременото и транспарентното работење на овој суд, а во врска со преземањето на одредени дејствија на судиите за предмети кои деновиве се вофокусот на вниманието на јавноста, Основен суд Скопје 1 –  Скопје информира дека судијата кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против Г.Г. и други лица осомничени лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог на СЈО“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1 .

Од таму информираат дека во дописот од СЈО се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот.

Покрај обвинителниот предлог за седумте осомничени, службени лица од УБК, за кривичното дело фалсификување на службена исправа, СЈО поднесе уште еден обвинителен предлог до Кривичниот суд што се однесува на случувањата во Општина центар во кој се опфатени 14 лица осомничени за насилство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико