Судовите во Русија добија повеќе дојави за поставени бомби
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судовите во Москва и Санкт Петербург денес се евакуирани поради анонимна дојава за поставени бомби.
Во Москва беа евакуирани осум судови, а во Санкт Петербург шест судови, пренесува ТАСС.
Серијата анонимни дојави започна минатата недела и сите се покажаа лажни.
Во Москва и Санкт Петербург, непознати лица бараа награда во биткоини, но се испостави дека дојавите се лажни. Повиците биле од странство, најверојатно од Украина.
Извор: Макфакс