Судската администрација му е лута на Караџоски: Пред празник нè остави без плата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ му се лути на првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски, затоа што, како што пишуваат пред празникот не само што не го добиле најавеното покачување од 10% туку ги оставиле и без плата. Синдикатот реагира на „неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, поради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10% туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник, Велигден“ – пишуваат синдикалците во соопштението.
Членовите на Судскиот совет на итна седница пред крајот на март донесоа нов Правилник за додатоците на плата на судиите. Со него судиите, но и судската администрација треба да добијат повисоки мартовски плати за 10%. Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџовски, по итната седница изјави дека брзале поради тоа што било крај на месецот, за да се завршат пресметките и мартовската плата која се исплаќа до 15 април да биде повисока.
Караџовски не знаеше да прецизира за колку точно пари се работи, односно колку вкупно средства се предвидени за покачувањето во Судскиот буџетски совет. Вели Законот опфаќа околу 3000 лица, од кои 560 судии. Караџовски тврдеше дека е оправдан револтот кај судиите кога дознале дека јавните обвинители и јавнообвинителските службеници зеле повисока февруараска плата за 20%. Тој се повика на Законот за платите на судиите од декември 2015 година, во кој платите на судиите и обвинителите предвидува зголемување за 35%, но тие пари никогаш не легнале на контото на судиите.
Просечната на плата на судиите во Македонија се движи од околу 50 илјади до 70 илјади денари. Решението за покачувањето на платите во судската амиднистрација го нашле во потпишаниот Колективен договор.
Извор: Макфакс