Судската администрација најавува нов штрајк | Правдико

Правдико

   

Судската администрација најавува нов штрајк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud_strajk_0На средбите кои денес ги остварија преставниците на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација очигледна беше поддршката за оправданоста за барањето за зголемување на платите на вработените во судската служба.

За Синдикатот прифатливо ќе биде само конкретно решение и постави услови тоа да биде до недела во 12:00 часот. Во спортивно, штрајкот ќе се активира во вторник (26.04.2016 година) и ќе трае се до исполнување на барањето.

Во врска со зголемувањето на платите за вработените во Судската служба, Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација денеска остварија три работни средби со:

· Претседателот на Врховниот суд;

· Претседателот на Судскиот совет; и

· Министерот за Правда.

На средбите беше поддржано како оправдано барањето на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, за зголемување на платите.

Затоа беше договорено во наредните денови, заклучно до 24.04.2016 година (недела), да се поднесе предлог и да се достави до Владата на РМ и таа да донесе Одлука со која ќе ги прифати барањата за зголемување на платите на вработените во судската служба, исто како што е случај со јавните обвинители, јавнообвинителската служба и судиите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико