Судската администрација повторно на штрајк на 12 септември | Правдико

Правдико

   

Судската администрација повторно на штрајк на 12 септември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Plakat StrajkНа седницата на Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ беше оценето дека Одлуката за штрајкот да биде донесено на 12 септември. До тогаш очекуваме политичката ситуација во земјата да биде појасна и ќе се знае дали ќе има техничка влада.

На денешната седница на Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ се расправаше за понатамошниот тек на штрајкот во судовите.

Се одлучи штрајкот во судовите и понатаму да остане во мирување поради актуелната сложена политичка состојба во државата, односно да се почека дали ќе се состави техничка Влада или со работа ќе продолжи постоечката Влада. Ова од причина што доколку се оформи техничка Влада истата нема да има овластување да носи одлуки со кои евентуално би се прифатило нашето барање истакнато со штрајкот.

Во меѓувреме, Синдикатот на УПОЗ на 12.09.2016 година, ќе одржи состанок со претседателите на синдикалните организации од судовите на кој секоја организација ќе се произнесе за тоа дали штрајкот треба да продолжи, да мирува или да се прекине. Врз основа на изјаснувањето Извршниот одбор на Синдикатот на УПОЗ ќе донесе конечна одлука.

Препорачуваме

Партнери на Правдико