Судската администрација утре на штрајк
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сите судења во Македонија ќе бидат прекинати два часа. Дел од администрацијата која ќе штрајкува се дактилографките кои според планот на организаторите ќе ја напуштат судницата и два часа ќе стојат пред судот во кој се вработени. На ваков чекор се одлучиле бидејќи ниту форумите ниту средбите со министерот не придонеле законот да се смени пишува Телма.
Законот за судска служба девет месеци е во сила според кој мора да се казнува , а може и да се наградува, велат синдикалците. Шефовите на административците се оние кои ја оценуваат нивната работа поради што од синдикатот се сомневаат дека може да има и субјективни влијаниа врз оценката. Во законот според синдикалците има нејаснотии кој е судски службеник, а кој административец, а кој јавнообвинителстки службеник.
Законот за судска служба е оспорен и пред Уставен суд но од таму се уште нема никаков одговор. Штрајкот е најаванео да започне во 10 часот и 30 минути и да трае до пладне.
Извор: Телма