Судски процес во Нанси против 35 лица за трговија со дрога, меѓу кои и тројца македонски државјани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За 35 лица, од кои две жени, државјани на Албанија и Косово, како и тројца македонски државјани од 28. септември им се суди од страна на Кривичниот суд на Нанси, Франција, во рамки на меѓурегионалниот специјализиран суд за трговија со дрога во организирана криминална група.
На судското рочиште, кое би требало да трае до 9. октомври, од 22 лица присутни на судењето, петмина се во затвор, додека другите се бранат од слобода под судска контрола, а останатите се во бегство.
Осомничените се товарат за шверц со хероин и кокаин и тоа според обвинителството во регионот на Сен-Луи. Истрагата, како што пренесува весникот „Л’Ест Републикан“, е отворена во текот на втората половина од 2010 година, и преку физичко набљудување, прислушување и озвучувувања на автомобили, довела до масовна полициска акција и апсења на 16. октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.
При претресите тогаш беа пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производ за мешање на дрога и големи суми на пари. Осомничените се соочуваат со максимална затворска казна од десет години, додека тие кои по втор пат се судени можат да добијат и двојна казна, како и забрана за престој на француска територија и протерување по издржување на казната.
Јавното обвинителство на завршниот збор во текот на денот ќе ги соопшти побараните казни за обвинетите.