Судски совет: Михајлова поднесе неотповиклива оставка | Правдико

Правдико

   

Судски совет: Михајлова поднесе неотповиклива оставка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет ја потврди вчерашната информација дека судијката Татјана Михајлова поднела оставка од функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје.

– Судијата Татјана Михајлова вчера, на 07.03.2017 година, со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата ВД претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на Република Македонија ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на ВД претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје – стои во соопштението на Судскиот совет.

Михајлова ја извршуваше функцијата в.д. претседател на кривичниот суд, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски му истече мандатот на четврти декември минатата година, но тој сега повторно се кандидира за истата позиција.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико