Судскиот процес за случајот „Ровер“ повторно одложен | Правдико

Правдико

   

Судскиот процес за случајот „Ровер“ повторно одложен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повторно се одложи судското рочиште за случајот „Ровер“, во кој поранешениот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е обвинет за помагање убиство во 2001 година.

rover3-860x657

Следното рочиште е закажано за 9 мај.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелацискиот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, по седум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите се товарат за убиствата на Марјан Тушевски и на Киро Јанев што се случија во јули 2001 година во Скопје.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико