Судскиот Совет донесе одлука за суспензија на приведените судии
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судскиот Совет на седница одлучи за суспензија на судиите приведени во вчерашната полициска акција „Jустиција“.
Доцна синоќа заврши сослушувањето во Кривичниот суд. Судиите и стручните соработници се товарат за несовесно работење со што го оштетиле буџетот за над 1 милион евра.
Приведени се 25 лица од Основниот суд Скопје 1- оддел за прекршоци, од кои 14 судии, поради несовесно работење во службата со што го оштетиле буџетот на државата за околу 68 милиони денари.
Сомнението е дека во текот на 2010 година, до нив биле доставени предмети -барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012/13 година. По предметите биле донесени пресуди со определени парични казни, а не биле доставени на извршување, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.