Судскиот совет ги осудува заканите упатени до судија поротник во случајот ТНТ | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет ги осудува заканите упатени до судија поротник во случајот ТНТ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет го осудува однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски, бранител на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, во случајот „ТНТ“, кој јавно им се заканува на судијата-поротник, на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје и на претседателот и членовите на Судскиот совет.

„На овој начин адвокатот Страшовски, покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ТНТ, да ја преземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото, чиј сегмент е и принципот на судење во разумен рок. Судскиот совет не може да се меша во менаџирањето со предметите, но е заинтересиран постапките да се завршат без одолжување во разумен рок.

Судскиот совет известува дека барањето на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мандатот на судијата поротник беше ставено на дневен ред на 328. седница на Судскиот совет од 25.12.2019 година. Некои од точките од дневниот ред беа одложени за 30.12.2019 година. Поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата се одложи за 27.1.2020 година“, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико