Судскиот совет ќе избира претседател на кривичниот суд | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет ќе избира претседател на кривичниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет на денешната седница треба да избере претседател на Основниот суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг-листа на кандидати за оваа функција.

Членовите на Судскиот совет претходно ќе ја разгледаат оставката в.д. претседателот на скопскиот кривичен суд, Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини. Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава. Кандидатури поднесоа Весна Димишкова, Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и експретседателот, Владимир Панчевски. „Макфакс“ дознава дека најсериозни шанси за да биде избран има судијата Иван Џолев.

На дневен ред на седницата е разгледувањето и оценувањето на извештаите за работата на судовите за третото тромесечие за 2017 година.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико