Судскиот совет ќе ја продолжи постапката за утврдување одговорност на судија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судскиот совет закажа седница за 28 февруари (среда) , со повеќе точки на дневен ред. Како четврта точка е предвидено Судскиот совет да ја продолжи постапката по петте барања за утврдување одговорност на судија. За оваа точка на дневниот ред јавноста е исклучена од седницата.
На седницата, Судскиот совет треба да донесе и одлука за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје , и претседател на Основниот суд Дебар, откако претходно ќе ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседател на судовите.
Извор: Макфакс