Судскиот совет одлучува за вонредно оценување на кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет одлучува за вонредно оценување на кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет денеска на затворена седница ќе одлучува за вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на Република Македонија. На седницата, исто така, ќе се разгледуваат и состојбите во Основниот суд Скопје 1, по неодамнешните скандали, преписки и поднесувања кривични пријави меѓу судии.

sudski-sovet-sednica

Судскиот совет на седница на 7 октомври распиша оглас за избор на претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1. Можноста за нивно вонредно оценување е предвидена во Законот за судски совет.

Кандидати за нов претседател на Основниот суд Скопје се актуелниот претседател на судот, Владимир Панчевски, и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, додека за претседателското место во највисокиот суд во држвата неофицијално кандидатури поднеле актуелната претседателка Лидија Неделкова, поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

На денешната седница, членовите на Судскиот совет треба да дискутираат и кривичната пријава што судијата Иван Џолев му ја поднесе на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за примање награда за противзаконито влијание, како и за претставката што против Панчевски ја поднесоа 13 судии, кои го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“.

На актуелните претседатели на Кривичниот суд во Скопје и на Врховниот суд, Владимир Панчевски и Лидија Неделкова, мандатите им истекуваат на 4 декември, а изборот на нов претседател ќе биде веднаш по предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико