Судскиот совет планира да го одложи изборот на претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет планира да го одложи изборот на претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

21112016121316_web_sudstvoСудскиот совет на Република Македонија за среда ја закажа својата 243. седница на која помеѓу останатото ќе се разгледуваат кандидатурите на судиите кои конкурираа за местата претседател на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1-Скопје.

На седницата чиј што почеток е закажан за 11 часот, зад затворени врати ќе се расправа за изборот на претседател на Врховниот суд, каде во моментов оваа функција ја извршува вршителката на должност, Снежана Бајлозова, но на која функција претендираат и екс-претседателите Лидија Неделкова и Јово Вангеловски и судијката Беса Адеми.

Малку е веројатно дека Судскиот совет на утрешната седница ќе избере нов претседател на скопскиот кривичен суд меѓу еден од двајцата кандидати: судиите Иван Џолев и Владимир Панчевски, бидејќи во изминативе неколку месеци тие меѓусебно се обвинуваа за злоупотреби во работењето и си поднесуваа кривични пријави.

Според истите сознанија Судскиот совет најверојатно ќе го поништи конкурсот за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје и изборот ќе го одложи за неколку месеци.

Инаку, Владимир Панчевски, кој до четврти минатиот месец ја извршуваше функцијата претседател, беше обвинуван од судиите и од стручните соработници дека ги нарушил меѓучовечките односи како никој пред него, а за него беа поведени и повеќе кривични постапки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико