Судскиот совет повторно ќе го „разрешува“ судијата Митриновски | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет повторно ќе го „разрешува“ судијата Митриновски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет денеска ја продолжува одложената расправа за повторното отворање на постапката за разрешувањето на поранешен претседател на Апелациониот суд, Јордан Митриновски.

Две години по добиената пресуда од Стразбур, разрешениот судија Митриновски побара јавна седница на која, според одлуката на Стразбур, требаше да се разгледува дали неговото разрешување било законско. Актуелниот претседател на врховен, Јово Вангеловски, бил тогашен подносител на иницијативата за разрешување на Митриновски.

Претседателот на Врховниот суд на Македонија, Јово Вангеловски, на минатата седница изјави дека расправата е одложена на барање на подносителот врз основа на поснесокот од неговиот бранител.

„Независно дали е пензиониран или не, од судот во Стразбур има барање за повторување на постапката и тоа мора да се спроведе. Одлуката ќе зависи од Судскиот совет“ рече Вангеловски.

На новинарско прашање кој стои зад неговото разрешување од функцијата, но и од судија, Митриновски по седницата изјави дека го разрешил лично ексминистерот за правда Михајло Маневски.

„Конфликтот со Михајло Маневсјки и неговата сопруга Филимена Маневска со мене беше отворен. Таа не можеше да го прежали нејзиното пензионирање, оти јас како претседател на Апелациониот суд Скопје го потпишав решението за пензионирање. Јас се спротивставував на нивните незаконски работи, на нивните мешања во судот и за тоа дојдовме во отворен конфликт. Јас цело време максимално и чесно си работев. Им сметаше тоа и мораше да бидам тргнат“, изјави Митриновски.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико