Правдико

   

Судскиот совет со оглас ќе бара наследници на Неделкова и на Панчевски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет на Македонија на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1.

sudski-sovet

На актуелните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски, четиригодишниот мандат им истекува на почетокот на декември, а рокот за избор на новите претседатели е два месеци. Огласот ќе биде објавен во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена.

На новинарско прашање дали изборот на претседателите на овие два суда може да биде интерпретиран во политички контекст, со оглед на изборите на 11 декември, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, изјави дека не може да се поврзе и дека Судскиот совет е законски обврзан да го објави огласот.

– Политички не може да се поврзе, а тој што сака да го поврзе, ќе го направи тоа. Законски ние сме обврзани да го објавиме огласот во „Службен весник“ и тој ќе трае 15 дена. Доколку во периодот кога ќе се создадат услови за избор на судии и на претседатели на судови, препораките на Државната комисија за спречување на корупција се да не се врши избор, тогаш изборите би биле по завршувањето на изборниот процес (парламентарните избори – н.з.) – рече Караџовски.

Инаку, Неделкова и Панчевски имаат право повторно да се кандидираат и да бидат реизбрани. Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Панчевски, на прашањето за тоа дали повторно ќе се кандидра, вели дека сè уште е рано, но не ја исклучува можноста повторно да биде кандидат за таа функција.

Засега не се знае дали претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, повторно ќе се кандидира за нов мандат. Таа на брифинг со новинарите минатиот месец, иако прашана, не сакаше да одговори конкретно.

Извор: Мета

Партнери на Правдико