Судскиот совет со соопштение за постапување на судовите во услови на опасност од корана вирусот | Правдико

Правдико

   

Судскиот совет со соопштение за постапување на судовите во услови на опасност од корана вирусот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 336-та седница одржана на ден 17.03.2020 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

За постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19

Претседателот на судот и судиите менаџирањето со судските предмети да го усогласат со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи.

Должни се да ги преземат сите мерки на претпазливост, како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот КОВИД-19 на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

За таа цел, пред влегувањето во судот на странките и другите учесници во постапката се должни да ги поминат сите безбедносни здравствени мерки.

Да се контролира влегувањето во судот, како не би се создала гужва пред шалтерите, а со тоа и можност од инфекција.

Пред и по завршувањето на расправите да се изврши дезинфекција на судниците и другите простории во судот.

Преку соопштенија да им се укаже на странките поднесоците до судот да ги доставуваат електронски, доколку имаат технички услови за тоа.

Уверенијата и другите судски акти до странките и надлежните органи да ги доставуваат електронски.

Во судовите се извршуваат следните нужни работи:

– Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката;

-Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата;

-Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење;

-Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ – по член 205 од КЗ, „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ – по член 206 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ – по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ – по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ – по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ – по член 387 од КЗ;
-Прекршочни предмети од итна природа;
-Предмети за примена на времени мерки;
-Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;
-Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
-Предмети кои по сила на законот се итни;
-Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

Апелационите судови постапуваат по жалби по горенаведените предмети и по предмети по кои одлучуваат на нејавна седница.

Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучува по горенаведените предмети во рамките на својата надлежност и по предметите по кои одлучува на нејавна седница.

Управниот суд постапува по управни спорови против управни акти кои се итни и по кои се одлучува без одржување на расправи.

Вишиот управен суд постапува по жалби против одлуките на Управниот суд кои се итни, на нејавна седница.

Претседателот на судот и судиите да ја разгледаат можноста за извршување на определени работи од дома (проучување на предметите и доаѓање во судот во деновите за судење, пишување на одлуките при што се користи информатичко компјутерската технологија).

Одлуката влегува во сила од денот на нејзиното донесување.

Препорачуваме

Партнери на Правдико