Судските случаи ,,Титаник”, ,,Тендери” и „ТНТ“ се одлагаат поради решение за изолација на член на судечкиот совет. | Правдико

Правдико

   

Судските случаи ,,Титаник”, ,,Тендери” и „ТНТ“ се одлагаат поради решение за изолација на член на судечкиот совет.

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Основниот кривичен суд Скопје во врска со предметот КОК бр. 7/18, познат како „Титаник“, ја информираат јавноста дека главните расправи закажани за 22.03.2021  и 29.03.2021 година ќе се одложат поради издадено решение за изолација член на судечкиот совет.

Судот ги одреди следните термини за продолжување на главната расправа по предметот КОК.бр.7/18 во текот на месец април,  за деновите:  05.04, 09.04, 12.04, 14.04, 16.04, 18.04, 21.04, 26.04 и 28.04.2021 година.

Во врска со предметот со КОК бр. 64/17, во јавноста познат како „Тендери“, ја информираат јавноста дека главната расправа закажана за 22.03.2021  година ќе се одложи поради издадено решение за изолација на член на судечкиот совет.  Наредната главна расправа е закажана за 06.04.2021 година.

За предметот КОК бр. 53/17, во јавноста познат како „ТНТ“, ја информираат јавноста дека главната расправа закажана за 24.03.2021  година ќе се одложи поради издадено решение за изолација на член на судечкиот совет.

Извор: Основен кривичен суд Скопје

Препорачуваме

Партнери на Правдико