Сугарески информираше за тарифникот со кој се намалуваат цените на услугите на Катастарот | Правдико

Правдико

   

Сугарески информираше за тарифникот со кој се намалуваат цените на услугите на Катастарот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Како што информираат од министерството, Сугарески и директорот Тунџев информирале за намалените цени во тарифниците за услугите што ги нуди Катастарот.

„Како една од мерките што ги ветивме пред неколку месеци и од пред извесен период започнавме да ја реализиравме во насока на поефикасни услуги е намалувањето на цените на услугите на Катастарот. Сакаме да ве информираме дека стапи на сила новиот тарифник со кој се намалуваат цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности“, истакнал министерот Сугарески.

Мерката се однесува за намалување на три тарифници односно во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти, цените се намалуваат во просек за 90 отсто, додека во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот цените се намалуваат во просек за 51 отсто. Цените во Тарифникот за надоместок за кориостење на податоците од Геодетско Катастарскиот Информационен Систем се намалуваат во просек за 28 отсто.

Министерот Сугарески изрази уверување дека Владата и во наредниот период ќе работи на унапредување и осовременување на државните институции кои ќе имаат обврска, ефикасно и транспарентно да работат во интерес на сите субјекти во државата.

На средбата се разговарало и за можноста за подобрување на услугите во Катастарот како и реформите што во наредниот период ќе се спроведуваат во оваа дејност.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико