Суспендиран главниот обвинител на БИХ | Правдико

Правдико

   

Суспендиран главниот обвинител на БИХ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rnhktkqturbxy80ytfjytmzmwzlm2q0nzy0zju4ymu0zdq5nmy2mmfiyi5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwgaДисциплинската комисија на Високото обвинителство и на Судскиот совет денеска го суспендирала главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Горан Салиховиќ.

Против Салиховиќ е поведена дисциплинска постапка поради сомневање дека ги злоупотребил службените овластувања.

Постапката против Салиховиќ е поведена по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оддавал податоци за текот на истраги што против него се водат во државното обвинителство поради сомневање за финансиски малверзации.

Како доказ се понудени телефонски разговори прислушувани од Државната агенција за истрага и за заштита, а еден е објавен и во медиумите.

Салиховиќ смета дека Високиот совет сака да го смени поради истрага што ја повел против Додик, во врска со организирањето референдум за Денот на Република Српска.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико