Сведок во „Таргет-Тврдина“: Прислушуваа Мијалков и Грујевски | Правдико

Правдико

   

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Прислушуваа Мијалков и Грујевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО со сослушување на сведокот Сашо Трајковски, вработен во УБК. Трајковски истакна дека во УБК се прислушувало незаконски и дека само еднаш видел судски налог. Според него и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски имале компјутери кои биле поврзани со еден од системите за прислушување Најс.

„Постоеше група на корисници која се викаше „ВАЖНО“ каде имаше тројца корисници. Можевме да видиме дека се пристапува од канцелариите на директорот на УБК и началникот на Петтата управа“, рече Трајковски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико