Сведок: За жителите на Пустец се ваделе лични карти без целосна документација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со испитување на вториот сведок во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО.
Сведокот, началничка на одделот каде што работат сликарите во МВР, рече дека во периодот октомври 2012 до април 2013 година добила наредба да бидат изработени лични карти за жителите од Пустец со нецелосна документација, која било ветено дека ќе биде дополнително донесена.
„Гулевска ме повика и ми кажа дека треба да бидат изработени документите. Ќе треба да бидат фотографирани и тоа е наредба од Киро, советник на министерката во тоа време. Цел живот работејќи не ми беше сеедно да ја прифатам таа информација. Ѝ било ветено дека документацијата ќе биде доставена отпосле. Одговорно лице за носење на лицата ќе биде Мунир Пепиќ и странките ќе бидат сликани со документ што го поседуваат. Не знаевме за колку лица станува збор. Договорот беше да бидат сликани во полициската станица ‘Беко’ и да бидат посебно одвоени за изготвување“, рече сведокот.
„Линкот беше сликање, одобрување, издавање на готови лични карти“, се присети сведокот.
Во предметот „Титаник“, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски, за серија кривични дела поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Макфакс