Сведокот на СЈО Лазаревски ќе одговара на прашања на одбраната | Правдико

Правдико

   

Сведокот на СЈО Лазаревски ќе одговара на прашања на одбраната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се оддржи ново рочиште за случајот за незаконско следење на комуникациите во УБК „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Минатото рочиште беше одложено на барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, за да може соодветно да се подготви за испрашување на сведокот на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени над четири илјади телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико