Светиниколец ограбен додека вадел пари од банкомат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против 33-годишник од Велес поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Имено, пријавениот на 29.12.2016 година, околу 10,40 часот на ул.„23 Октомври“ во Свети Николе дошол до банкоматот на НЛБ Тутунска банка, каде што стоел оштетниот 38-годишник од с.Ерџелија, при што пријавениот во моментот кога излегле банкнотите од апаратот насилно ги грабнал парите во износ од 9.000 денари, по што влегол во возило „Голф 4“ и избегал од местото на настанот.
Извор: Нова Македонија