Светот на улица за 200-те киднапирани девојчиња | Правдико

Правдико

   

Светот на улица за 200-те киднапирани девојчиња

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Маршови и различни церемонии ширум светот денеска, во текот на денот, ќе биде обележано точно една година откако Боко Харам киднапира над 200 девојчиња во Нигерија, пишува Би-Би-Си.

Nigeria Kidnapped Girls Anniversary

Во поворката во Абуџи, главниот град на Нигерија, 219 девојки претставуваат една исчезната девојка, а слични маршеви се планирани ширум светот, вклучувајќи ги и Лондон и Вашингтон.

Во вторникот, Амнести Интернешнл објави дека 2000 девојки и жени се киднапирани од почетокот на претходната година и дека девојчињата киднапирани од селата во Чибоку се само мал дел од тоа.

Киднапираните жени после тоа стануваат куварки, сексуални робови и борци на Боко Харам.

Киднапирањето на девојчиња во Чибоку, во северно-источниот дел на Нигерија, на 14-ти Април минатата година предизвикаа бурни реакции низ светот, па така САД и Кина ветија дека ќе помогнат при пронаоѓањето на девојчињата, меѓутоа досега не се пронајдени.

Извор: Б92

Препорачуваме

Партнери на Правдико