Светот загуби икона во борбата против неправдата – Мандела замина во историјата | Правдико

Правдико

   

Светот загуби икона во борбата против неправдата – Мандела замина во историјата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

866588029380E144A3AC792082F0585E„Мадиба“, „таткото“ на Јужна Африка и иконата против апартхеидот почина. Нелсон Мандела беше најпознатиот политички затвореник на своето време и подоцна првиот претседател со темна бојна на кожата во ЈАР.

– Кога татко му на Нелсон Мандела, Гадла во јули 1918 година го крсти својот син „Ролилала“, најверојатно не ни претпоставуваше, дека тој ќе биде достоен на тоа име. „Ролилала“ на јазикот на етничката група Коса е „оној, кој крши гранки“. Во преносно значење тоа е „оној кој внесува неред во постоечките односи“. А какви ли само неволји на неправедната јужноафриканска држава и‘ приредуваше „Мадиба“, како што го нарекуваат милозливо сите Јужноарфиканци, без оглед на бојата на кожата – се вели во анализата на Дојче Веле.

Режимот на апертхеидот се одмазди – Мадиба помина 27 години зад решетки. Познати се последните зборови на Мандела во процесот „Ривонија“ во кој во 1964. година беше осуден на доживотна казна затвор под обвинение дека организирал повеќе од 150 саботажи против режимот на апартхеидот: „Подготвен сум да умрам“, рече борецот за човекови права на крајот на неговото четиричасовно пледоаје.

По привилегираното детство, Мандела како син на локален старешина, вниманието го привлече на универзитетот како водач на еден студентски протест. Подоцна одбегна принудна женидба бегајќи во метрополата Јоханесбург, каде наскоро се активираше политички. Во 1944. година Мандела стана член на Африканскиот национален конгрес (АНЦ). Во 1948. година Националната партија ја освои власта и ја институционализираше расната поделба. Нелсон Мандела, кој првите успеси ги забележа како правник-асистен во една еврејска адвокатска канцеларија, во 1952. година, како прв човек со темна боја на кожата во ЈАР основаше адвокатска канцеларија во Јоханесбург.

Во тоа време имаше многу протести и кампањи на цивилна непослушност против системот на апартхеидот во кои Мандела играше централна улога. Откако беше забранет Африканскиот национален конгрес во 1961. година, Мандела го основаше милитантниот огранок „Копје на нацијата“ (Умкхонто ње Сизње) и како командант на таа организација нареди герилски напади против државни установи. „Повикав на вооружена борба бидејќи власта не ни остави друг избор“, рече Мандела за време на подоцнежниот процес.

Во 1962. година, и покрај забраната ја напушти земјата за да обезбеди финансиска поддршка и да организира воена обука за членовите на Африканскиот национален конгрес. По враќањето во земјата Манела беше уапсен и подоцна осуден во познатиот процес „Ривонија“.

Мандела отслужи 17 години во т.н. „јужноафрикански Алкатраз“, озлогласен затвор на островот Робен во Кејптаун. Таму, покрај принудната работа, го основаше „Универзитетот на островот Робен“, ги учеше затворениците да пишуваат и да читаат. Денес ќелијата број 5 е задолжителен дел од посетата на туристите на Јужна Африка.

Од 1988. година Мандела постепено беше подготвуван за неговото ослободување. Три години претходно тој одби помилување, под услов да прифати Африканскиот национален конгрес да се откаже од насилни акции. Следеа натамошни тајни преговори со органите на власта. Договорот беше постигнат дури на почетокот на 1990. година и тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк во парламентот го објави ослободувањето на Мадела. По 27 години минати во затвор, на 11. февруари 1990. година Мандела беше ослободен.

Пред насобраните маси Јужноафриканци Мандела извика:„Стојам пред вас, исполнет со длабока гордост и радост. Ние сме слободни“.

Со тогашниот јужноафрикански претседател Мандела започна преговори со цел мирно да му се стави крај на апартхеидот и власта да биде пренесена врз мнозинското население со темна боја на кожата. Во 1993. година Нелсон Мандела ја доби Нобеловата награда за мир, а во 1994. година по првите слободни избори, стана првиот црн претседател на Јужноафриканската Република. Оттогаш Мандела се концентрираше пред се на политиката на национално помирување. Заедно со надбискупот од Кејптаун, Дезмонд Туту, покрена расветлување на злосторствата на режимот на апартхеидот.
Од политичкиот живот се повлече во 1999. година, кога имаше 81 година.

Иако неговиот мандат беше одбележан со драматичен пораст на стапката на криминал и епидемија со ХИВ, многумина ја фалат неговата политика на национално помирување и верност во демократските институции. По заминувањето од власт Нелсон Мандела се посвети на хуманирана работа и стана едена од најпопуларните и најпрепознатливи икони на денешнината.

Со Нелсон Мандела светот загуби голем борец за слободата и државник. Неговата татковина Јужна Африка освен тоа го губи и моралниот компас, иако тој во последно време воопшто и не се произнесуваше по актуелни политички теми.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико