СВР Куманово поднесе кривична пријава за убиството на полицискиот службеник | Правдико

Правдико

   

СВР Куманово поднесе кривична пријава за убиството на полицискиот службеник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

полицијаСВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Пријавениот на 30.07.2016 година во Куманово со кујнски нож му нанел убодна рана во пределот на грбот на полицискиот службеник Г.С. од која по кратко време починал.  Полицискиот службеник, заедно со уште тројца колеги, постапувал по пријава за семејно насилство во куќата на пријавениот на ул.„Средорек“ во Куманово.

Семејното насилство го пријавиле Р.Б. и Е.Б., мајка и сестра на пријавениот, кои биле физички нападнати и повредени. Околу 22.00 часот полициските службеници со возило на брза помош влегле во дворот и во куќата на Е.Б. при што истиот викал на силен тон и фрлал со стаклени предмети кон полициските службениците.

При совладувањето  Е.Б. пружал силен отпор, а во еден момент се отргнал и земал кујнски нож, со кој замавнал кон полициските службеници, при што му нанел убодна рана на полицискиот службеник Г.С.

Препорачуваме

Партнери на Правдико