СВР скопје поднесе кривични пријави против две лица за тешки кражби | Правдико

Правдико

   

СВР скопје поднесе кривични пријави против две лица за тешки кражби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrСВР-Скопје, Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција -Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО против Д.Е.(21) и К.С.(21) и двајцата  од Скопје поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела ,,тешки кражби“ и при тоа се  стекнале со противправна имотна корист од околу 267.000 денари. На првопријавениот од страна на судија на претходна постапка  одредена  му  е мерка притвор  во траење од  8 дена .

Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 30.06. до 20.07. годинава на подрачје на Центар.

Првото кривично дело го извршиле на булевар ,,Мајка Тереза“ во гостилницата „Кај Гурман“, на тој начин што откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, првопријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил стаклото од лизгачката шалтерска врата и со посегање на раката ја отворил вратата од шалтерот  влегол внатре, извршил пребарување и претурање во кујната и другиот  простор каде што пронашол и украл еден телевизор, плински боци,  плинско решо и околу 1000 денари, а додека второпријавениот чувал стража, по што не забележани од никого го напуштиле местото на настанот.

Второто кривично дело го извршиле на улица ,,Васил Главинов“ во кафе бар ,,Гарсон“ ,  на тој начин што се приближиле до влезната врата и со насилно кршење на термопан излог стаклото направиле отвор, влегле во објектот каде што извршиле претурање и пребарување во шанкот каде пронашле и украле неколку шишиња со разни алкохолни пијалоци, два звучника и други предмети.

Третото кривично дело го извршиле на булевар Св.Климент Охридски во „Скопски Фенери“ на тој начин што се приближиле до оградата, ја прескокнале и со погоден предмет првопријавениот делувал помеѓу крилото и рамката од еден прозорец, го отворил и влегол внатре каде извршил претурање и пребарување по што пронашол и украл поголема количина на алкохолни пијалоци, кафе, парични средства како и еден паричник со пари и документи, додека второпријавениот чувал стража.

На 16.09.2016 во просториите на ПС ОН Центар извршен е службен разговор со првопријавениот Д.Е., а додека по К.С. се трага.

Инаку против пријавените и во претходен период се поднесени кривични пријави и тоа против Д.Е. поднесени се 20 кривични пријави во Свети Николе, Струга, Велес, Охрид и Скопје од областа на имотните деликти, а додека против К.С. во претходен период поднесени се 13 кривични пријави во Крива Паланка, Охрид и Скопје од областа против половата слобода и половиот морал, кривични дела против животната средина, кривични дела против имотот и кривични дела против безбедноста на сообраќајот.

Партнери на Правдико