СВР Скопје прави вештачење на предмети во врска со упадот во Собрание | Правдико

Правдико

   

СВР Скопје прави вештачење на предмети во врска со упадот во Собрание

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје, во врска со немилите настани што се случија во Собранието на 27 април, вчера до Основно јавно обвинителство достави две Известувања, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Едното известување се однесува за барање за издавање наредба за вештачење на предмети, пронајдени и подигнати за време на извршените претреси во дом кај лицата А.К., С.П. и А.М.. Додека пак, другото известување се однесува за преземени мерки по дадена наредба од Основно јавно обвинителство и достава на извештај за извршена анализа на траги од биолошко потекло – стои во соопштението.

Додаваат дека на информативен разговор се повикани лицата М.П. (43) и С.З. (54), двајцата од Скопје, кои по извршените разговори се ослободени.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико