Правдико

   

СВР Скопје продолжува со активностите за расчистување на немилите настани од Собранието

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, на 13.05 и 14.05.2017 година од страна на СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности и вршен е преглед на видео записи, а во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело.

На 13.05.2017 година, по претходно доставени покани, во просториите на СВР Скопје бил извршен разговор со лицата Д.С. (39) од Скопје и А.Б.  (60) од Тетово. По извршениот разговор истите се  ослободени, а во консултација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2017 година во 20.50 часот во полициска станица само се пријавило лицето Н.М. (34) од Скопје, против кое претходно беше поднесена кривична пријавена во врска со настаните во Собранието и за кое беше распишан централен распис.  Лицето било задржано во полициска станица по што, на 14.05.2017 година, во периодот од 01.00 до 01.30 часот, од страна на полициски службеници, а согласно Судска наредба,  било спроведено до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје,  и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Партнери на Правдико