СЗО ја поздрави одлуката на Вашингтон да поддржи привремено одземање на патентот за вакцина | Правдико

Правдико

   

СЗО ја поздрави одлуката на Вашингтон да поддржи привремено одземање на патентот за вакцина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус ја поздрави „историската одлука“ на САД да поддржат привремено укинување на патентите за вакцини против коронавирусот. „Им честитам на Соединетите Држави за оваа историска одлука во корист на вакцината, која фаворизира благосостојба на сите во ова клучно време. Ајде, да одиме сите напред брзо, солидарно, со генијалноста и посветеноста на научникот кој произведува спасувачки вакцини против короната“, твитна генералниот директор на Светската здравствена организација.

Шефот на СЗО лобира со месеци во корист на оваа мерка, предложена од СЗО во Индија и Јужна Африка. Поддршката на Белата куќа за привремено укинување на правата на интелектуална сопственост „ги рефлектира мудроста и моралното раководство на Соединетите држави да работат на ставање крај на оваа пандемија“, оцени Гебрејезус.

Претходно, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека Соединетите држави поддржуваат укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирусот, со цел да се забрза нивното производство и дистрибуција. Американската трговска претставничка Кетрин Тај сепак предупреди дека е потребен глобален „консензус“ и дека одлуката нема да има брз ефект врз глобалното снабдување со вакцината.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико