Правдико

   

Тачи и уште тројца членови на ОВК остануваат во притвор во Хаг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг смета дека Хашим Тачи и уште тројца членови на Главниот штаб на ОВК треба да останат во притвор, бидејќи постои реална опасност од влијание и заплашување на сведоци, како и ризик да ги мобилизираат своите приврзаници со цел да ја спречуваат постапката на Судот.

„Во овие околности, барем додека не се сослушаат сведоците и не се обезбедат докази, притворот е неопходен“, се наведува во барањето на Обвинителството за нивно притворање, кое е денеска објавено. Обвинителството потсетува дека во временскиот период на обвинението, осомничените им биле претпоставени на многу потенцијални сведоци на Обвинителството, а некои се уште заземаат високи позиции.

„Имаат средства, мотив и можност да влијаат на сведоците, жртвите или соучесниците и на друг начин да ја спречуваат постапката“, соопшти Обвинителството и детално образложи на кои начини Тачи и Кадри Весели и Здружението на воени ветерани на ОВК влијаеле ова обвинителство и суд да бидат укинати. Покрај Тачи и Весели, на обвинението на Обвинителството се наоѓаат и Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тие се товарат во десет точки за злосторства против човештвото и извршени воени злосторства преку здружено злосторничко делување, заедно со други припадници на ОВК.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико