Тачи: Србија ги вооружува Србите на северот од Косово | Правдико

Правдико

   

Тачи: Србија ги вооружува Србите на северот од Косово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека Србија ги наоружува Србите на северот од Косово, во рамките на планот за поделба на Косово,  пренесуваат српските медиумите.

Во интервју за албанскиот сервис на Deutsche Welle, Тачи рекол дека косовските институции имаат информации дека во т.н. руски воз имало оружје и припадници на параевоени формации со цел да влезат на Косово и да го дестабилизираат.

„Истовремено, знаеме за српскиот план за поделба на Косово и исто така знаеме дека Србија ги вооружува Србите на северот од Косово“, рекол Тачи.

За своите тврдења тој вели дека постојат докази оти „Србија го користи моделот кој Русија го применила во Украина“.

„Испраќаат цивили но и луѓе во униформи на северот и ги вооружуваат Србите со огнено и друго оружје, за да бидат подготвени да се одбранат од наводните албански напади“, рекол косовскиот претседател.

Тој ги повикал косовските Србите да не потпаднат под влијание и да не станат жртви на „националистичката политика на Белград, која и претходно им нанесе голема болка на Србите“.

„Наместо повиците од Србија за војна, ги повикувам косовските Срби на мир и дијалог. Наместо повици за етнички и територијални поделби, јас ги повикувам на зачленување во НАТО и ЕУ“, порачал Тачи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико